Ненадејно на 67 години почина Мирчо Чуков, вокал и клавијатурист на групата „Интервали“.
Чуков беше и член на СДСМ, а веста за ненадејната смрт ја соопшти огранок од Ново Село.
За квалитетот на „Интервали“ доволно зборува реченицата: „Ако сакаш убава македонска, квалитетна музика испеана од вокалот на Жане, тогаш оди на настап на овој бенд“.
И иако низ годините се имаше впечаток дека не се толку активни, сепак, Жане за ммс.мк го рече токму спротивното.
-Не има, не дека не нема. Минатата година настапувавме на Интерфест, кој не беше покриен медиумски, немаше публика. Но, над 30 години не има, тука сме. Постојано настапуваме по локали кои преферираат жива музика. Во нашата кариера од над 30 години не сме останале еден викенд слободни.
Прочитајте го интервјуто на неговата сопруга Снежана, на нивното последно гостување на „Макфест“ дадено за ММС тука.