Харизма: Што е тоа и дали ја поседувате? – ММС
ММС

Објавено на: 04/25/22 8:05 PM

Харизма: Што е тоа и дали ја поседувате?

Колку пати сте се нашле во друштво во кое една личност се издвојува од останатите, плени со својата појава и умее лесно да ви го привлече вниманието? Дали се прашувате кои се темелните вредности на овој тип личности и дали поседуваат одредени особини, или можеби се работи само да слаткоречивост и добра гестикулација.

Кога малку подлабоко ќе анализирате, ќе откриете дека ваквата личност можеби има и вештини за лидерство, како и позитивна енергија со која гледа на светот. Тоа е нешто што го поседуваат само одредени луѓе, а се вика харизма – недефиниран поим ксо кој психолозите се уште се занимаваат.

Со хризматичните луѓе е лесно да се разговара, тие ги искажуваат свите емоции и ставови со доза мистериозност, а во одредени ситуации се резервирани. Имаат совршена емоционална контрола, па кај нив нема да видите некаков „испад“.

Харизмата нема врска со социјалниот статус, со изгледот или со популарноста. Целосно анонимна личност од вашето соседство може да ги плени сите околу нив, за разлика од личности кои се популарни, а се без харизма.

Професорот по психологија, Роналд Ригио вели дека харизматичните луѓе поседуваат три главни особини:

Експресивност

Експресивноста е првото нешто со кое овие луѓе се карактеризираат, односно тие имаат талент спонтано да се впуштат во каква било конверзација и да ги изразат свите чувства

Контрола

Втората нивна карактеристика е контролата, односно способноста суптилно да се вклопат во некое друштво

Чувствителност

Дарбата да ги слушаат и да ги сфаќаат луѓето, односно чувствителноста е третата важна карактеристика на харизматичните луѓе. Тоа не е вродена, туку стекната вештина и со вежбање мже да се научи.

Харизматичните луѓе имаат висока моќ да влијаат на околината. Тие се свесни за своите вредности, па знаат како и околината да ја убедат на тоа. Силната енергија којашто ја поседуваат им овозможува лесно да се носат со предизвиците и да ги остваруваат своите цели.

Некои научници тврдат дека харизмата во себе има и контрадикторност и дека харизматичните луѓе се магнетски привлечни бидејќи тие претставуваат спој на силата и ранливоста. За да зрачите со харизма доволно е да бидете природни и спонтани, полни со ентузијазам и оптимизам. Научете да ги слушате своите соговорници, бидете отворени за нови работи и луѓе.

 

Извор:      srecna.republika.rs