Што правите пред да заспиете? Читањето книга одамна го заменивме со екраните од мобилните телефони и телевизорите. Сепак, ова не е здрава и корисна навика затоа што така полесно доаѓаме до лоши информации кои ни ги окупираат мислите и ни го отежнуваат процесот на заспивање.
Не претерувајте со интернетот пред спиење
Познато е дека во текот на денот поминуваме многу време пред екран. Иако нашето очекување е дека тоа ќе нѐ орасположи, за жал не е секогаш така. Претерано долгото време поминато пред екран го пореметува сонот и ни дава голема количина на допамин. Токму затоа ни е познато тоа „добро чувство“, но доколку е присутно во голема мера, телото тоа би можело да го сфаи погрешно. Од друга страна, количината на информации кои ги „впиваме“ како сунѓер честопати е негативна, непроверена, па дури може да предизвика и психички проблеми. Затоа на време препознајте ги интернет содржините кои лошо влијаат на вас и ограничете ги, односно елиминирајте ги целосно и „прочистете“ се.
Одбегнувајте ги лошите вести
Пребарувањето на социјалните мрежи може да влијае негативно, затоа што води кон споредби и кон ширење дезинформации од страна на непроверени извори. Секогаш кога пребарувате на интернет, постои можност тоа директно да му наштети на вашето ментално здравје. Луѓето често делат совети и информации кои се погрешни, дури иако немаат свесна намера за такво нешто, вели за Си-Ен-Ен детскиот психолог Неа Чаудери.
Нејзиниот совет е да престанеме со пребарувањето и да не следиме сѐ на интернет, бидејќи таму има бројни непроверени информации, кои на никаков начин не може да ни помогнат, туку напротив – може негативно да влијаат на нас.
Информации кои го менуваат животот на подобро
Исто така, јасно дека постојат и случаи каде можеме да добиеме корисни совети благодарение на интернетот и да си го подобриме животот. Таквите информации ретко може да се најдат, па затоа потрудете се да најдете корисни профили од каде што ќе може да црпите корисни содржини. Така на пример, одредени корисници на социјалните мрежи го користат онлајн просторот за ширење инфрмации кои имаат за цел да го подобрат менталното здравје на останатите корисници. Постојат психотерапевти и животни тренери кои даваат инструкции како да си го подобриме животот и затоа треба да следиме профили кои ни влијаат позитивно. Не дозволувајте да бидете изманипулирани. Направете пролетна чистка на сите несоодветни информации на социјалните мрежи!
Извор: srecna.republika.rs