Ленот го смирува организмот и го чисти од токсини, а со тоа го забрзува метаблизмот. Ленот е добар за чистење на цревата, а тоа придонесува за елиминирање на насобраните токсини од организмот. Лененото семе е богато со протеини, со цинк, но и со витамините Б1, Б2, Ц, Е и А.
Во продавниците за здрава храна лесно може да се најде ленено семе, па купете 200 до 300 грама. Секоја вечер две мали лажички ленено семе ставете ги во два децилитра вода на собна температура и поклопете го садот. Ваквиот напиток треба да отстои преку ноќ. Наутро процедете и испијте го напитокот, најдобро на празен желудник.
Лененото семе е одличен лаксатив. Омега 3 масните киселини кои се наоѓаат во ленот делуваат противвоспалително. Многу клинички истражувања покажле дека на овој начин може да си помогнете доколку имате проблем со холестеролот. Ленот е одличен за смирување на желудникот , но и воопшто за целокупното здравје.
Фото: Informer.rs
Фото: Илустрација / Designed by Freepik