Во Ерусалим, во храмот на Христовиот гроб, секоја година на Велика Сабота христијаните присуствуваат на чудесното појавување на благодатниот оган, што се случи и на оваа Велика Сабота.
Ерусалимскиот патријарх со векови носи изгаснато кандило во тој храм, кое чудесно го пали благодатниот оган и тој оган го пренесува на свеќите на собраните христијани, а тие продолжуваат кон своите соседи и до нивните храмови.
Со свечената велигденска литургија во недела ќе се завршат деновите на жалост, а во недела ќе започне празникот Велигден, Христовото Воскресение од мртвите и победата на животот над смртта, со што се слави победата на животот над смртта.