Водителката на ноќниот „Дневник“ на Црногорската телевизија, Милица Павиќевиќ, во емисијата во живо ги покажа своите одлични вештини среде земјотресот што го потресе регионот.
Среде водење дневник студиото почна да се тресе, сценографијата и камерите треперат, а таа, иако буквално и метафорично потресена, не дозволи да се забележи.
„Опааа, уууу …земјотрес се случува во моментов… Се надевам дека се ќе биде добро. Продолжуваме со Дневник, малку е турбулентно, но…“, рече Павиќевиќ и продолжи да ги води вестите.
Zemljotres uživo – Pavićević gospođa i profesionalac pic.twitter.com/BdPuRUXEIX
— Serenity Drop (@StrijelacLav) April 22, 2022
Земјотрес во живо – г-ѓа Павиќевиќ и професионалец“, напиша еден твитерџија покрај видеото кое на големо се споделува на социјалните мрежи.