Украина е бојно поле на НАТО и Русија, престанете да праќате оружје, му порачаа германските интелектуалци на Шолц – ММС
ММС

Објавено на: 04/23/22 10:05 AM

Украина е бојно поле на НАТО и Русија, престанете да праќате оружје, му порачаа германските интелектуалци на Шолц

Германски јавни личности го повикаа канцеларот Олаф Шолц да ја прекине испораката на оружје за Украина, објави Берлинер цајтунг.

Отворено писмо до него напишале 20-ина научници, политичари и културни дејци од земјата, меѓу кои е и поранешната потпретседателка на Бундестагот, Антје Волмер, пишува Раша тудеј.

-Со снабдувањето оружје, Германија и другите земји од НАТО де факто станаа страни во конфликтот. Така, Украина стана бојно поле за конфликтот меѓу НАТО и Русија околу безбедносниот поредок во Европа.

Авторите изјавија дека и покрај „извештаите за успехот на украинската армија“, таа е „многу инфериорна во однос на руската“.

Потписниците на писмото до Шолц сметаат дека Киев мора да биде убеден да престане да дава отпор.