Што да јадеме денес? Посна проја со млад кромид – ММС
ММС

Објавено на: 04/21/22 8:42 AM

Што да јадеме денес? Посна проја со млад кромид

Пројата отсекогаш била незаменливо јадење на трпеза, а особено е вкусна во пролет кога на располагање имаме многу свежи намирници, како младиот кромид.

Потребно:
500 гр пченкарно брашно
3 млади кромидчиња
чаша масло
чаша вода
сол
Подготовка:
Младиот кромид измијте го и исечкајте го убаво, па на загреано масло кратко пропржете го, но малку да омекне. Оставете го да се излади и за тоа време ставете го брашното во сад и направете вдлабнатина во средината каде што ќе го истурите изладениот кромид, со малку масло и вода.  Мешајте додека не добиете средно цврста смеса. Калапот за мафини или плех за печење намачкајте со масло и загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени. Истурете ја смесата во калапи или плех и печете околу 30 минути, а ќе знаете дека се готови доколку ја избоцкате со чепкалка и остане сува. По печењето, оставете малку да се излади пред да го исечете и послужите.

Фото: bakina kuhinja