Се знае дека она што ќе го облече Џенифер Лопез сите жени сакаат да го имаат восвојот гардеробер.
Но, не секој може да ја износи таа облека како неа, а и да и стои така. Едноставно таа може да носи се! Сите модни комбинации и стојат фантастично.
Носи облека што е „некаде помеѓу“ – не баш за црвениот тепих, но не е ниту тотално „лежерен“ стил. Изгледа дека често е дотерана само за излегување, што не е чудно со оглед на тоа што не се разделува со Бен Афлек.
Таа на Инстаграм закаќи прекрасниот пролетен фустан, во кој се појави за Велигден – прекрасна беж креација која навистина го одзема здивот.
Станува збор за модел со должина до глуждовите, долги ракави и затворено кружно деколте, каде што е украсен со мала бела чипка.
Нежно нагласениот висок струк дополнително ја издолжува фигурата. Сепак, најубави од сите се цветните елементи вметнати на „пуф“ ракавите и на долниот дел од предниот дел – прекрасен потсетник за најмодерниот дезен на претстојната сезона.