“Детето ми беше тумор, кој жива ме изеде“ – По раѓањето на сино Брижит Бардо не сака ни да го погледне – ММС
ММС

Објавено на: 04/20/22 7:00 PM

“Детето ми беше тумор, кој жива ме изеде“ – По раѓањето на сино Брижит Бардо не сака ни да го погледне

Кога Брижит Бардо открила дека е во блажена состојба, веднаш се обидела да најде адекватен лекар кој ќе и го абортира бебето!
Тогаш во Франција, каде што живеела, таквите интервенции биле строго забранети, па никој не се осмелил на такво нешто. Таткото на детето бил колегата на Жак Шари, кој сакал да се ожени со популарна актерка и да го задржи детето.
Кон крајот на бременоста за Брижит беше вистински слом, папараците без престан кружеа околу нејзиниот дом сакајќи да ја сликаат трудницата и да направат сензација. Актерката се повлекла во својот дом и престанала да излегува, а толку се плашела од болницата што решила да се породи дома.
На 11 јануари 1960 година се роди момче кое доби прекрасно име – Николас.
-Тоа беше како тумор кој ме изеде, кој го носев во моето отечено тело – напишала актерката подоцна во своите мемоари. Брижит одбила да го храни бебето, бидејќи полудела поради „нехуманата улога на медицинска сестра“, која ја добила откако родила дете.
Новинарите и по породувањето не престанаа да го опсадуваат нејзиното место на живеење. Секој од нив сакаше само слика од новороденчето со мајката. А првата фотографија од детето била на денот на неговото раѓање, а тоа го направил долгогодишен семеен пријател.
Жак Шари се надеваше дека Брижит ќе го добие тој мајчински инстинкт по породувањето, но љубовта се гледаше дури кога требаше да се направат сликите. Актерката се грижеше само за едно нешто, дека ќе ја изгуби популарноста кај машката популација и ќе ја доживеат само како мајка.. Детето го чувствуваше сето тоа, секој пат кога ќе се обидеше да го земе во раце, Николас почнуваше да плаче гласно.

Набргу по породувањето, Брижит одлучила дека нема да биде сопруга и мајка и побегнала со Сем Феј. Тогаш Жак ги презел работите во свои раце, поднесол барање за развод и побарал целосно старателство над својот син. Така било, на судењето актерката одбила да се грижи за детето, мислела дека некој треба да се грижи за неа, а не за нејзиното бебе.
Кога Николас имал 12 години, дошол кај мајка си сакајќи да остане со неа некое време, но Бардо го вратила кај татко му, објаснувајќи му дека таа не може да се грижи за него бидејќи таа вечер имала социјален настан. По тој инцидент, Николас неколку години не сакал да ја види мајка си.
Кога момчето целосно пораснало, Брижит се обидела да ја подобри врската, но нејзиниот син не сакал да слушне за тоа.
– Сега имам 48 години и го имам мојот 23-годишен син Николас, семејството и поддршката. Го сакам најмногу на светот – напишала Брижит во своите мемоари, но се чини дека беше предоцна да се кае и да се извини.

Николас студирал економија на Универзитетот во Париз. Ја сакал музиката. Научил да свири на пијано, да компонира песни и да прави аранжмани. Кога имал 22 години бил модел. На модна ревија тој се запознал со манекенката Ен Лин Бјеркан, ќерка на дипломат. Двојката се венчала во 1984 година, а Брижит Бардо не била поканета на таа венчавка, што многу ја вознемирило.
Среќната двојка набрзо се преселила во Осло и ја добиле првата ќерка неколку месеци подоцна. Брижит сè уште била непожелна во семејството на Николас, па не ја запознала ни својата внука. Во 1990 година, Николас добил уште една ќерка. Две години подоцна, Брижит дошла во Норвешка со намера да воспостави блиски односи со нејзиниот син, но тие склучуваат само студено примирје.
Во 1997 година, по објавувањето на мемоарите на Брижит, изби нов семеен скандал: нејзиниот поранешен сопруг и син ја тужеле Брижит за откривање на семејните тајни и навредени чувства. Судот и наложи на актерката да плати казна од 20.000 евра.
Николас одамна го напушти манекенството и долги години се занимава со програмирање. Одамна е дедо. На прашањето на новинарите зошто не е во добри односи со мајка си, Николас одговорил:
– Таа ги сака своите бунди, а јас го сакам моето семејство.

Извор: курир.рс