Почна сезоната на алергиите: Неколку едноставни начини на кои можете да ги ублажите симптомите – ММС
ММС

Објавено на: 04/25/22 3:54 PM

Почна сезоната на алергиите: Неколку едноставни начини на кои можете да ги ублажите симптомите

Со неколку едноставни и практични промени во секојдневната рутина може значително да ги намалите симптомите на сезонските алергии.  Така на пример, доколку шетате потрудете се тоа да не го правите кога е ветровито бидејќи тогаш поленот „лета“ во воздухот. Освен тоа, треба да избегнувате и градинарство. Доколку имате градина во својата куќа проверете дали тревата е кратко искосена и носете маска ако се занимавате со растенијата. Кога ќе се вратите дома пресоблечете се и измијте ја косата пред да си легнете. Поленот се лепи за облеката, па затоа кога ќе се вратите, потребно е да облечете чиста која ќе ја носите само по дома.

Поленот исто така се лепи и за носот – велат лекарите. Чистете го носот наутро и навечер со физиолошки раствор и ќе забележите подобрување кога е во прашање ринитисот.

Ослободете се од мувлата

Мувлата е еден од најчестите предизвикувачи на алергиски реакции. Мувлата се појавува на влажни места и може да се крие во шкафчињата, под тепихот или на ѕидот зад мебелот. Ако во домот постојано имате влажност, набавете одвлажнувачот на воздухот. Овде би можело да биде од помош и честото проветрување на домот, но не претерувајте кога дува ветер бидјеќи тогаш може да ја „наполните“ куќата со полен.

Дали малите инсекти грини може да предизвикаат симптоми на алергија?

Грините се невидливи со голо око, но може да живеат со вас, особено ако во просторијата во која престојувате температурата е над 21 степен, а влажноста е над 50 отсто.

Како да се држите подалеку од нив?

Одржувајте ја температурата на 18-20 степени Целзиусови и користете одвлажнувач за да ја намалите влажноста на просторијата.

Користете влажна крпа за бришење прашина за да не се пренесе во воздухот.

Постелнината перете ја на високи температури

Дали сте алергични на стрес?

Едно истражување покажало дека луѓето кои имале ринитис имале сериозни симптоми по доживување стресни ситуации.

Стресот го зголемува нивото на кхормонот на стрес, кортизол и често води кон интензивни реакции. Неколку минути медитација, јога или продолжено релаксирачко туширање се дамо дел о д начините кои придонесуваат за ослободувње од стресот.

 

Извор: alo.rs