Зеленчук што го имаме дома ќе ве направи подобри љубовници – не сме знаеле дека е афродизјак – ММС
ММС

Објавено на: 04/18/22 10:00 PM

Зеленчук што го имаме дома ќе ве направи подобри љубовници – не сме знаеле дека е афродизјак

Почетокот на пролетта е идеално време во својата исхрана да вметнете повеќе овошје и зеленчук. Според нутриционистката, Милка Раичевиќ ниту едно јадење не треба да се завршува без пиперка, а како што вели, за тоа постои добра причина.

„Која било сорта на пиперка во себе содржи низа витамини, така што таа навистина е намирница број еден. Кога зборуваме за пиперката, навистина треба да и’ се восхитуваме бидејќи во себе ги содржи сите витамини. Она што треба да го знаеме е дека зелената пиперка има помалку Ц витамин од црвената. Зелената пиперка може да има малку горчлив вкус, но таа ги чува нашите очи, благодарение на витаминот А кој се содржи во пиперката, овој зеленчук не’ штити од УВ зрачењето“, изјави нутриционистката гостувајќи во емисија на К1 ТВ.

Таа додаде дека најздраво е пиперката да ја јадеме сирова бидејќи така ќе ги внесеме сите витамини и минерали кои таа ги содржи. Сепак, Раичевиќ советува да ја избегнувате лутата пиперка доколку имате проблем со вишокот колограми, а од друга страна добро е да ја консумирате доколку сакате да качите некој килограм плус:

„Кога имате проблеми со телесната тежина тогаш најдобро би било да јадете пиперка која не е лута, но ако сакате да добиете на тежина, тогаш идеално би било да јадете лута пиперка  бидејќи таа го зголемува апетитот. Здраво е да се јаде лута пиперка, бидејќи во тој случај вашиот јазик му дава на мозокот сигнал дека нешто е луто и се забрзуваат вашите сетила, а со самото тоа се зголемува крвниот притисок. Пиперката е моќен афродизјак. Студиите кои се правени на мажи тоа навистина го покажале, односно  науката докажала дека благодарение на овој тип зеленчук мажот може да биде подобар љубовник и да има подобра потенција. Она што е многу интересно е дека пиперката го намалува холестеролот и го зголемува имунитетот. Жените би требало да јадат пиперки поради Ц витаминот и поради колагенот“.

Нутриционистката смета дека би било штета да не се јаде пиперка со оглед на тоа колку е таа здрава.

Раичевиќ и со совет за оние кои не го поднесуваат овој зеленчук:

„Луѓето кои не поднесуваат пиперка, а би требало да ја јадат, може да ја комбинираат со домот. Доматот му овозможува на мозокот да функционира подобро, така што овде не може да згрешите“.

Нутритивните вредности на пиперките се намалуваат кога ги печете, но во овој случај може да додадете лук, магданос и маслиново масло.

 

Фото: Илустрација / Pixabay

Извор:  mondo.rs