„Важано е тато да е тука и да ме одведе пред олтар“ – Ќерката на Брус Вилис ја забрза свадбата – ММС
ММС

Објавено на: 04/18/22 12:08 PM

„Важано е тато да е тука и да ме одведе пред олтар“ – Ќерката на Брус Вилис ја забрза свадбата

Како што пишуваат американските медиуми, ќерката на пензионираниот актер Брус Вилис, Талулa, сакала да ја откаже венчавката поради дијагнозата на нејзиниот татко.

Сепак, се предомислила и свадбата ќе се одржи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by tallulah (@buuski)


Талула се мажи за режисерот Дилон Бас, а плановите се забрзани заради здравјето на  Брус, за да може да ја одведе својата ќерка до олтарот.
– Најважно им е да е присутен, но и да е доволно здрав за да ја придружува до олтарот – рекол извор за американските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bruce Willis (@dobledebruce)


Семејството на актерот неодамна објави дека Брус боледува од афазија, која го напаѓа мозочниот центар задолжен за говорот и последователно ја намалува способноста за разбирање или изразување зборови, читање и пишување.

Фото: Инстаграм