Во еден ден две возила се превртеа во Кавадарци – ММС
ММС

Објавено на: 04/15/22 9:57 AM

Во еден ден две возила се превртеа во Кавадарци

По вчерашната невообичаена глетка во Кавадарци, кога се возило се преврте на улица “Илинденска” во Кавадарци, на идентична слика сведочеа кавадарчани, кои синоќа пред 23 часот се најдоа на улицата „Пано Мударов“.

– Синоќа во 22.50 часот се случи сообраќајна незгода, во која патнички автомобил марка Ауди со кавадаречки регистарски ознаки сопственост и управуван од Т.О (25) од Кавадарци, удрил во две паркирани возила. Т.О е пренесен во ЈЗУ ОБ Кавадарци каде му се констатирани телесни повреди, а увид извршила екипа од ОВР Кавадарци, соопштија од СВР Велес.

Според очевидци, возилото најнапред удрило во две паркирани возила, по што  се превртело.

Вчера пак, спроти градинката кај ООУ “Гоце Делчев” возачот прво удрил во паркирано возило, а потоа со дел да избегне пешак, завршил во жардиниера. Возачот е пренесен во ЈЗУ Општа болница во Кавадарци.

 

фото: Ангел Данов