Може да сметаме дека сме нација со имунитет стекнат преку прележување, изјави Беким Сали – ММС
ММС

Објавено на: 04/15/22 8:40 AM

Може да сметаме дека сме нација со имунитет стекнат преку прележување, изјави Беким Сали

Здравствниот кадар и вработените во КАРИЛ професионално постапиле во случајот на починатиот спортист Денис Тот, изјави вечерва министерот за здравство Беким Сали, во емисијата Клик Плус на ТВ21, при што додаде дека не забележен некој недостаток во пружања на првата помош и сите постапки кои се потребни за таков случај.

– Немил е случајот. Знам дека млад спортист починал како резултат на насилство. Меѓутоа во делот на професионалност мислам дека ниту еден од екипата на Интната помош, а ниту пак колегите во КАРИЛ немале некој професионален пропуст. Останува и судска медицина да даде извештај и тука ќе ја добиеме целосната слика. Направени се компјутерски томографи колку што и било потребно, навремено без некои детали кој што нас не наведуваат на некој можен пропуст при постапката, рече министерот Сали.

Воедно, тој во вечерашното интервју зборуваше и за процесот на вакцинација во државата, при што истакна дека недоманешната кампња со мобилните екипи била позитивна, но незадоволителена.

– Последна активност за вакцините ни беше мобилните екипи кој што се движеа во 14 локации. До тој момент имавме 1500 до 2000 нововакцинирани неделно, односно со таа кампања достигнавне до 3500 неделно. Сметам дека кампања ја заврши својата работа, имаше позитивен одзив од граѓаните, незадоволителен, меѓутоа позитивен. За жал ние како држава сме снабдени врз основа на нашите проекци за таа бројка од 70 отсто вакцинирани која ни беше цел за заштита на нашите граѓани. Официјално се вакцинирани 46 отсто од населението. Сереолошката анализа која што ја направивме испадна дека нашите граѓани се 75 отсто имунизирани по природен пат со прележување, што ни дава комфор дека може да се сметаме за имунизирана нација, рече министерот Сали.

МИА