(Видео) Кобри, мамби, питон долг четири метри… Маж дома живеел со 124 змии, една го каснала и умрел – ММС
ММС

Објавено на: 04/15/22 6:00 PM

(Видео) Кобри, мамби, питон долг четири метри… Маж дома живеел со 124 змии, една го каснала и умрел

Маж од Мериленд, во САД бил пронајден мртов во јануари во неговата куќа, во која биле сместени повеќе од сто змии кои биле во различни терариуми.

Обдукцијата покажала дека мажот (49) починал откако го каснала отровна змија. Енди Овен, портпарол на државното Министерство за здравство, вчера потврди дека истрагата констатирала дека се работи за случајна смрт и дека мажот починал поради каснување од змија.
Полицијата го пронашла мажот на 19 јануари, а уште тогаш се посомневале дека починал од каснување од змија. Во неговиот дом биле пронајдени 124 змии, а некои биле егзотични и нелегални, пишува NBC News.

„Никој не знаеше дека крие толку многу змии во куќата“, рече Џенифер Харис, портпаролка на округот Чарлс и додала дека  во куќата биле пронајдени змии ѕвечарка, кобри, црна мамба и бурмански питон долг четири метри.
Изгледа дека бил опседнат со чување змии кои биле уредно сместени во терариуми и добро одржувани.


„Дури и внатрешноста на куќата беше прилагодена на тоа. Немаше премногу мебел за да ја намали можноста змија да се прикраде некаде и да го изненади него или некој од гостите. Влажноста и температурата беа прилагодени да бидат што поблиску до што е можно природно живеалиште на змијата“, изјави Харис.