Улицата „Сремски фронт“ во штипската населба Сењак од утре ќе биде затворена – ММС
ММС

Објавено на: 04/13/22 8:11 PM

Улицата „Сремски фронт“ во штипската населба Сењак од утре ќе биде затворена

Улицата „Сремски фронт” во штипската населба Сењак од утре и во наредните 20 дена ќе биде затворена за сите сообраќајни возила, информираат од Општина Штип.

Од Кабинетот на градоначалникот на појаснуваат дека затворањето на улицата е поради изведување на градежни активности и проширување на крстосница заради добивање на функционалност во сообраќајниот режим.