Нова „Јавна соба“ со експлицитни содржини се полни со членови – ММС
ММС

Објавено на: 04/12/22 9:53 AM

Нова „Јавна соба“ со експлицитни содржини се полни со членови

На социјалната мрежа Телеграм повторно почнува да се полни со членови група под име “Јавна соба – резерва“, која денеска со 9 часот има 1470 членови. Групата, како и претходната, споделува и коментира фотографии и други содржини од девојки, кои се земаат од нивните профили или се споделени по други канали. Често се тоа разголени фотографии, кои девојките ги споделиле со своите партнери.

Во нотификација, групата алармира дека „линкот ќе биде сменет на секои нови сто членови поради сигурносни причини“.

Ново – старата група се појави по трет пат изминатиот викенд и деновиве продолжува да се полни со членови.

Првата група „Јавна соба“ одамна е затворена, а двајцата администратори неодамна беа осудени со казна затвор од четири години, но не поради постоењето на групата и злоупотребата на фотографиите и девојките, туку поради тоа што во групата е споделена порнографска содржина со дете.

(В.К.)