(Фотогалерија) „Тома“ го вивна во ѕвездите – Лудница на концертот на Ацо Пејовиќ – ММС
ММС

Објавено на: 04/10/22 12:14 PM

(Фотогалерија) „Тома“ го вивна во ѕвездите – Лудница на концертот на Ацо Пејовиќ

Преполна беше А1 Арената „Борис Трајковски“ на концертот на српската музичка ѕвезда Ацо Пејовиќ. Македонската публика едвај го дочека да се потсети на времето од пред пандемијата, но и уште еднаш да го слушне големиот хит „Полноќ“ од филмот „Тома“ чиј вокал го позајми.
Пејовиќ приреди четиричасовна забава, а публиката падна во транс на „Ја немам више разлога да волим„ која на Ацо му донесе огромна популарност.
Публиката, претежно од женскиот пол, го следеше во секој чекор пеејќи ги заедно со него  хитовите „Да си ту“, „Пропалица“, „Литар крви“, „Све ти дајем“, „Не питај“…

Со песната „За Љиљану“, која ја отпеа во филмот „Тома“ го отвори тричасовниот концерт, а уште со првиот испеан стих ги разнежни сите.
– Оваа песна ѝ ја посветувам на мојата жена, а вие момци посветете ѝ ја вашата сакана личност“, им се обрати Пејовиќ на сите од посилниот бол пред емотивно да ја изведе „Све ти дугујем“.

Не ги прескокна ниту „О, циганко моја“ и „Еве веч је јесен“, кои исто така ги отпеа за филмот „Тома“, а концертот со со рефрен од песната „Сречо моја“.

Каква беше атмосферата погледнете во галеријата:
 
ММС
фото: Вангел Тануровски