Моделот и инфлуенсерка Кортни Клени (25), која го користела името Кортни Тејлор за својата работа, била уапсена и префрлена во установа за ментално здравје по убиството на нејзиното момче.
По кавгата со момчето, Кортни со нож го избодела Кристијан Обумсели (27), а соседите слушнале врева од луксузен стан во Мајами и повикале полиција. Кристијан бил префрлен во болница, но се здобил со тешки повреди поради голема загуба на крв.
Откако го убила, Кортни објавила разголени фотографии на социјалните мрежи, бидејќи најмногу заработувала од профилот OnlyFans.
Таа на полицијата не го открила мотивот за убиството, но веднаш рекла дека сака да си го одземе животот, поради што според законот во Флорида итно е префрлена на опсервација во специјализирана психијатриска установа.
Кортни само на Инстаграм ја следеле повеќе од два милиони луѓе.
View this post on Instagram
извор: Mondo.rs
фото: Инстаграм