Неделков: Наставниците во понеделник нема да држат настава, не верувам дека викендот нешто ќе се смени, – ММС
ММС

Објавено на: 04/9/22 1:00 PM

Неделков: Наставниците во понеделник нема да држат настава, не верувам дека викендот нешто ќе се смени,

Се’ поизвесно е дека нема да има поместувања од договорениот штрајк на наставниците во понеделник. Наставниците ќе дојдат на работа во училиштата, но нема да изведуваат настава. Децата, доколку дојдат, ќе бидат обврска на директорите. Ова во емисијата „Стадион“ на Канал 77 го кажа претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

-Во понеделник, доколку ништо не се смени, а не верувам дека викендов владата нешто ќе смени во преговорите, ќе се штрајкува според одуката на 98 отсто од членството. Штрајкувачите ќе се наоѓаат во просторија што е договорена со директорот и нема да ги извршуваат своите задачи. Ако доаѓаат деца, нема да бидат прифатни, туку директорот е должен да ги организира. Училиштата ќе бидат отворени, но без воспитно – образовен процес, изјави Неделков.


Ниту е по закон ниту по колективен договор е да се исплаќаат исти плати, смета Неделков,  ниту вработени на работни места со различна сложеност и бодови да земаат иста плата. Кој ќе не убеди да го поздравиме ова зголемување, а да не зборуваме и за урамниловката, прашува претседателот на СОНК. Тој го изнесува предлогот даден и во преговорите со владата, проблемот системски да се реши во наредните две години, со што се трга засекогаш.

-Тоа е проблемот што балонот веќе пукна и овој проблем еднаш засекогаш да се уреди со системско решение и да не штрајкуваме за права што веќе се впишани во закон. Бараме во некоја динамика во 2 години да направиме системско решение. Да направиме систем на плати со кој нема да штрајкува. Ова што сега се предлага не е ни балкански е не европски. Еднаш засекогаш да се ослободиме од притисокот и да бараме плата што сме ја пропишале со закон. Нашиот предлог е до тој период  1 јануари 2024 година да дојдеме до ниво на плати каде на основната плата ќе се додаде сопствениот коефициент со ќе се одразува вистинскиот статус, изјави Неделков во „Стадион“.