Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, пристигна во Буча, град во близина на Киев каде се случи најголемиот масакр во војната во Украина. Шефот на Европската комисија со неверување гледаше во пластичните кеси во кои има тела на цивили.
„Овде се случи нешто незамисливо, армијата на Путин го покажа своето сурово лице“, загрижено рече Фон дер Лајен пред да запали свеќа во чест на убиените цивили.
Фон дер Лајен, облечен во заштитен елек, им рече на новинарите во Буча дека Европската унија ќе направи се за да и помогне на Украина да ги преземе „неопходните чекори“ кон членството во ЕУ, како што побара украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Ја видовме немилосрдноста и рамнодушноста со која го окупираа градот. Целиот свет тагува со Бучани и тие се оние кои ги бранат границите на Европа, го бранат човештвото, ја бранат демократијата и затоа сме со нив во ова важна борба“, рече таа.
Претседателот на Европската комисија и највисокиот дипломат на ЕУ, Јосеп Борељ, во Киев ќе се сретнат со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, со цел да му пружи финансиска и морална поддршка на главниот град. Патувајќи со воз од Брисел до Киев, Борељ им рече на новинарите дека посетата е сигнал дека „Украина ја контролира својата територија“ и дека нејзината влада функционира.
„Украина не е земја која е потчинета и окупирана. Сè уште постои влада (која) прима луѓе од странство и можете да патувате во Киев“, рече Борељ, додавајќи дека се надева оти ЕУ ќе му понуди на Киев уште 500 милиони евра во наредниот период.
NEW – Ursula von Der Leyen, President of the European Commission, sees dead victims of Bucha in Ukraine.pic.twitter.com/RDgnQ5lm32
— Disclose.tv (@disclosetv) April 8, 2022
извор: Mondo.rs
фото: принтскрин Твитер