Црната коса по која беше препознатлива ја замени со руса – Никол Шерцингер направи трансформација – ММС
ММС

Објавено на: 04/8/22 4:30 PM

Црната коса по која беше препознатлива ја замени со руса – Никол Шерцингер направи трансформација

Никол Шерцингер, која многумина ја сметаат за една од најубавите жени на светот, ги изненади своите следбеници на Инстаграм со драстична промена во изгледот.

Пејачката која беше позната по долгата црна коса реши да го промени имиџот и ја скрати косата и стана русокоса. Никол на Инстаграм ја покажа новата фризура, а приказната ја заокружи со шминка инспирирана од серијата „Еуфорија“.

„Убава си“, „Совршена“, „Толку си оригинална, сè ти изгледа убаво“, „Ми се допаѓаат сите твои верзии“, „Изгледаш како да не си од овој свет“, „Изгледаш како сирена“, се само дел од многуте комплименти кои се наоѓаат под објавата.

Иако многумина се прашуваат која е причината за оваа драстична трансформација, пејачката се уште не открила дали ставила перика или се работи за трајна промена, но судејќи по реакциите, русата коса е полн погодок.

Потсетуваме дека американските медиуми неодамна објавија за лицето на пејачката и тврдат дека таа се предозирала со ботокс и филери, а многумина ја нарекуваат и „восочна фигура“.

Преземено од: https://www.kurir.rs/