Ромите се најлојални и најмирољубиви граѓани, имаат огромен придонес во нашето општеството – Честитка на Спасовски по повод Меѓународниот ден на Ромите – ММС
ММС

Објавено на: 04/8/22 9:57 AM

Ромите се најлојални и најмирољубиви граѓани, имаат огромен придонес во нашето општеството – Честитка на Спасовски по повод Меѓународниот ден на Ромите

„Ромите во Република Северна Македонија како едни од најлојалните и најмирољубивите граѓани, отсекогаш биле и ќе бидат неизоставен дел од нашата државност, составен дел од мултиетничкиот мозаик во кој се вградени заедно со сите други етнички заедници, а кој е темел на нашиот концепт „Едно општество за сите”, со кој го гарантираме спроведувањето на неотуѓивите човекови права“, вака министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во име на МВР им го честита 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.

„Придонесот на ромската заедница кон општеството, преку институционален или, пак, граѓански пристап ја заслужува почитта од секој еден. Вредни, лојални и пожртвувани, Ромите даваат огромен придонес како дел од полицијата, армијата, дипломатијата, здравствените и образовните институции, граѓанскиот сектор“, напиша Спасовски на Фејсбук.