Сок од три намирници кои го намалуваат гладот, а го поттикнуваат слабеењето – ММС
ММС

Објавено на: 04/7/22 9:00 PM

Сок од три намирници кои го намалуваат гладот, а го поттикнуваат слабеењето

Слабеењето e проследено со замор и постојан замор. Покрај физичката активност и контролираната исхрана, која не вклучува гладување, во овој процес можат да ви помогнат и малите нутриционистички трикови.

Една од нив е сокот од три моќни состојки кои ефикасно го намалуваат чувството на глад, го забрзуваат метаболизмот, обезбедуваат енергија и му помагаат на телото да се ослободи од вишокот маснотии.

Напитокот направен од јаболков оцет и мед е стар сојузник за слабеење, а сега му се придружува и грејпфрутот кој меѓу другото го стабилизира нивото на шеќер во крвта и ефикасно ги разградува мастите.

Состојки:

1 чаша свеж сок од грејпфрут

2 лажички јаболков оцет

1 лажичка мед

Подготовка:
Сè убаво измешајте додека состојките целосно не се соединат. Сокот пијте го пред сите три обилни оброци (појадок, ручек, вечера). Постапката повторувајте ја секој ден седум дена по ред, па направете пауза една недела и повторете ја постапката. Ако не можете да ја поднесете горчината на грејпфрутот, заменете го со свеж сок од портокал секој втор ден.

Преземено одhttps://zadovoljna.dnevnik.hr
Фотографија: https://unsplash.com/