Наставничка сексуално злоставувала ученици во Индија – Нејзиниот партнер снимал видео од оргијата – ММС
ММС

Објавено на: 04/7/22 10:57 AM

Наставничка сексуално злоставувала ученици во Индија – Нејзиниот партнер снимал видео од оргијата

Наставничка од Индија сексуално злоставувала тројца 16-годишни ученици од училиштето во коешто работела и заврши в затвор, објавија тамошните медиуми.

Единицата за кибер-криминал во јужната индиска сојузна држава Тамил Наду покрена истрага против 42-годишната жена откако на интернет се појави видео од оргијата. Полицијата утврдила дека снимката ја направил нејзиниот партнер. Човекот веќе признал дека го снимил видеото и го дистрибуирал меѓу свои познаници. Се истражува и дали видеото е објавено на платени порностраници.

Самите ученици поднеле пријава против наставничката и нејзиниот партнер. Тие тврдат дека двојката се обидела да ги заплаши за да не зборуваат за тоа што се случило.

Наставничката и нејзиниот љубовник се обвинети за злоставување малолетници, закани и дистрибуција на непристојни содржини.

Претходно светот го обиколи веста дека наставничка од Велика Британија е уапсена поради секс со 15-годишен ученик. Никол Парк (42) беше осудена на 27 месеци затвор.

МИА