Лудо време: Денес ветер, дожд и грмежи, па два дена сонце, а во недела и дожд и снег – ММС
ММС

Објавено на: 04/7/22 8:27 AM

Лудо време: Денес ветер, дожд и грмежи, па два дена сонце, а во недела и дожд и снег

Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температура ќе достигне до 15 степени.
Во следните два дена времето ќе биде претежно сончево и значително потопло. Во недела ќе има нови врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурите.