Вознемирувачко видео од убиството на велосипедист во Буча – ММС
ММС

Објавено на: 04/6/22 3:05 PM

Вознемирувачко видео од убиството на велосипедист во Буча

На видео снимка од воздух од украинскиот град Буча, објавена од „Њујорк Тајмс“ се гледа  велосипедист како вози по улица. Потоа човекот се симнува од велосипедот, свртува зад аголот, туркајќи го. Во тоа време, во негова насока се испукуваат неколку рафали од оклопни возила. После тоа, на местото на настанот се гледа прашина и чад. Едно возило прво пука по улицата еднаш, а потоа уште пет пати, кога велосипедист ќе сврти во кривината. По прашината и чадот, друго возило испукува истрел.


Видео:Sky news
Снимката, снимена кон крајот на февруари, била снимена од украинската војска и независно потврдена од  Њујорк Тајмс  и  Скај њуз,  кои ја лоцираа снимката преку методот на  геолокација. Тврдат дека тоа е улицата „Јаблонска“, каде што се пронајдени убиени цивили, оставени на патот по руското повлекување. Оклопните возила имаат ознака V. „Скај њуз“ пишува дека на фотографиите од местото, кои подоцна се направени, се мртов цивил и велосипед покрај него.

„Њујорк тајмс“ во понеделникот објави сателитски снимки од Буча на кои се прикажани телата на неколку луѓе како лежат на улица во Буча уште во средината на март, пред руските сили да се повлечат. Од овие снимки не може да се утврди причината за нивната смрт.

Снимката од телото откриено во Буча ја налути меѓународната јавност.

Украинската и американската влада ги обвинуваат руските сили за убиените во Буча. Москва го негира ова и вели дека обвинувањата против руската армија се неосновани.

 

извор: Агенции