Со намалување на опасноста од пандемијата, веројатно се намалува и интересот околу неа, особено кај новинарите.
Тоа денес го забележаа и од Комисијата за заразни болести, поточно претседателот д-р Александар Петличковски и портпаролот д-р Злате Мехмедовиќ на средбата со новинарите каде беше соопштено новото олабавување на мерките.
Пред да ја почнат прес конференцијата, веројатно не знаејќки дека микрофоните веќе се уклучени, докторите меѓу себе ја прокоментираа ревноста на новинарите.
-Гледаш и тие не се ревносни како порано, му рече Петличковски на Мехмедовиќ.
-Ги нема, додаде Мехмедовиќ.
-Ти викам соопштение му е мајката, рече на крајот Петличковски.