Љубовта не признава војна, венчавка среде разрушениот Харков – ММС
ММС

Објавено на: 04/6/22 12:43 PM

Љубовта не признава војна, венчавка среде разрушениот Харков

Настја Грачева и Антон Соколов беа фотографирани веднаш откако се венчаа меѓу урнатините на трговски и деловен комплекс во вториот по големина град во Украина.

Украинската двојка се венчала среде руската инвазија во метрото во Харков, а бракот решиле да го одбележат во воена средина, опкружена со урнатини.

Настја Грачева и Антон Соколов беа фотографирани набргу откако се венчаа меѓу урнатините на трговски и деловен комплекс во вториот по големина град во Украина, пренесува Кликс.

На видеото објавено на Твитер се гледа како парот позира меѓу урнатините, а описот објаснува како изгледа свадба во градот под постојано гранатирање: „Фотозона во позадина на уништена зграда и бомбардиран центар на градот, церемонија во метрото. Ова е силна порака до светот“.

 

Двајцата беа медицински лица пред да избие војната и оттогаш волонтираат, обезбедувајќи бесплатна медицинска нега на оние на кои им е потребна.

Настија работела како медицинска сестра во клиника за онкологија, додека Антон работел како лекар пред руската инвазија на Украина. Се наведува дека кога останале без медицински материјали, почнале да собираат пари и да купуваат лекови за жителите на градот на кои им било потребно лекување.

Украинските парови кои требаше да се венчаат пред инвазијата ретко дозволуваа конфликтот да им ги промени плановите, па свадбите ги организираа во засолништа, како и на контролни пунктови.

Пред очите на јавноста среде војна помина и свадбената церемонија на Valeriy и  Lesya.

Преземено од: https://www.telegraf.rs/