Оваа пролет фокусот е на миди здолништата – ММС
ММС

Објавено на: 04/6/22 11:07 AM

Оваа пролет фокусот е на миди здолништата

Миди здолништето и оваа пролет е апсолутен хит! Иако сме сведоци дека е популарен апсолутно во секоја сезона, пролетта и летото пред нас се секогаш најдобро време за нивно носење бидејќи сè повеќе посегнуваме по оние посветли, потопли и поживи нијанси кои доаѓаат во уште поголем фокус.

Освен што се екстремно носливи парчиња за многу пригоди, сега можете да ги комбинирате со разни блузи, кошули, па дури и обични маички, а бидејќи се уште сме во преодна фаза, добро е да знаете дека одлично стојат на кожа или тексас јакна.

Изборот на high street брендовите е како и секогаш разновиден и шарен, па затоа оваа сезона понудата изобилува со плисирани здолништа, молив здолништа, но и сатенски верзии на оваа модна класика.

Преземено од: https://www.ljepotaizdravlje.hr/