Претпладнево избувна пожар во трансформаторска станица што е дел од новоизградената соларна електрана на поранешниот рудник за јаглен „Осломеј”.
Пожарот е изгаснат, а од компанијата истакнаа дека се работи за пробна работа и оти се можни вакви дефекти.
Инаку, премиерот Димитар Ковачевски, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски денеска треба присуствуваат на настан за одбележување на завршувањето на градба на фотонапонската електрана „Осломеј 1-10MW” со тест период на целосно монтирана опрема.
МИА