Скопјанецот кој ги украде парите од гостилницата „Боем“ во Велес кои беа наменети за подготвување оброци за социјално загрозените лица од градот, а кој по два дена беше уапсен од полицијата, повторно извршил кражба во Велес. Овојпат нападнал старец во неговиот дом и му ги украл парите.
„Саботата на 2-ри април, во 10.10 часот во СВР Велес, Ѓ.П.(81) од Велес пријавил дека во неговиот дом во Велес од едно лице бил физички нападнат, при што му биле одземени пари, мобилен телефон и документи. Во врска со настанот од полициски службеници бил лишен од слобода Л.М.(20) од Скопје со привремен престој во Велес“ -соопштија до МВР.
Л.М. бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка. Известен е и Јавен обвинител. Се работи на целосно расчистување на случајот.