Тага во домот на Стефан Богоев, поранешниот градоначалник на Карпош и актиелен потпретседател на СДСМ.
Богоев предмалку објави дека починал неговиот татко Владимир од кој се прости со наслов од песната на „Бело дугме“
-„Памтите ме по пјесмама мојим..“ Си замина мојот татко, а ваш другар и пријател Владимир Богоев.
Тажен сум зошто го нема, пресреќен сум зошто го имав во животот. Човечиште во секоја смисла на зборот, бескрајно скромен и секогаш спремен да помогне.Новинар, еден од основачите на “Дневник”. Ти благодарам што си ми татко, ти благодарам за СЕ ! Муабетете со Трајко и трчајте со Лиле на небото. Еден ден, ќе бидеме заедно пак, ќе збориме за политика, ќе се закачаме за Барса и Реал… А до тогаш, со зборовите на твоите Queen, Show must go on… Погребот ќе се одржи утре, среда, во 12 часот, на гробиштата во Бардовци, во дворот на црквата Света Троица, напиша тој во објава на Фејсбук.
Богоев професионалниот новинарски ангажман го почна во „Вечер“ во 1988, каде остана до основањето на „Дневник“ во 1996, весникот во кој прво беше уредник, а потоа и помошник-главен уредник. Откако гермАнскиот медиумски концерн „Вест дојче алгемајне цајтунг“ (ВАЦ) ги купи весниците „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“ и се формира „Медиа принт Македонија“, Богоев беше дел од менаџерскиот тим.