Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани најавија дека на 7 и 8 овој месец од 10 до 12 часот во сите институции каде има синдикални организации организира предупредувачки прекин на работниот процес.
-Се надевавме дека Владата и надлежните ќе имаат барем малку сенс и ке направат напори да разговараме и да најдеме начин за решавање на барањата. Но, изгледа дека Владата не е заинтересирана за преговори иако тоа го вети. Скоро во сите институции во управата и правосудствиото на вработените не се исплака минималната плата, туку под минимална. Некои не знаат што да прават, па не ја ни спремаат платата, а оние кои се потрудиле да ја исплатат направиле катастрофална грешка во исплатата. Повторно вработените остануваат со плата под минмалната. Ваквата состојба придонесе незадоволството кај вработените да порасне уште повеке и прекинот од 7 и 8 да продолжи и во наредните денови. Кој ке ја санкционира државата за непочитување на законите што сама си ги носи. Каде се правдата и правичноста и дали некој ќе превземе одговорност, рекоа од УПОЗ, а како пример меѓу другото го наведоа конкурсот за вработување во Министерство за финансии.
-Министерството за финансии во март има распишано неколку огласи, меѓу кои и за писар со плата од 14.909 денари. Министерството свесно го крши законот. Ете колку државата ги почитува законите. Бараме веднаш да им се исплати минималната прата за сите вработени и линеарно зголемување за сите вработени, во износ од 2.806 денари, информираат од Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани од каде се надеваат дека по четврток и петок ќе се разговара за проблемот.