Украинки пишуваат семејни контакти на грбот на своите деца во случај да бидат убиени, а тоа да преживее – ММС
ММС

Објавено на: 04/5/22 11:56 AM

Украинки пишуваат семејни контакти на грбот на своите деца во случај да бидат убиени, а тоа да преживее

Анастасија Лапатина, украинска новинарка, објави шокантна фотографија од тренд кој сега е се позастапен во Украина.

„Украинските мајки пишуваат семејни контакти на грбот на децата во случај да бидат убиени и детето да преживее. Европа сè уште зборува за гас“, напиша Лапатина.

Британскиот тенисер Енди Мареј ја сподели и оваа шокантна фотографија, а напиша накратко.

„Ве молиме застанете“, напиша тенисерот кој и претходно се обидуваше да им помогне на децата во Украина.

Енди Мареј реши целата заработка до крајот на годината да ја донира на децата на Украина по руската инвазија на оваа земја.

Повеќе од 7,5 милиони деца се загрозени со ескалацијата на конфликтот во Украина, така што соработувам со УНИЦЕФ за да помогнам со потребните медицински материјали и опрема за раниот детски развој. Од клучно значење е образованието да продолжи, затоа УНИЦЕФ работи на овозможување учење со овие деца, како и поддршка на реконструкција на оштетените училишта, заедно со замена на опрема и мебел. „Ќе ја донирам мојата заработка од турнирот до крајот на годината, но секој во Обединетото Кралство може да го поддржи хуманитарниот одговор на УНИЦЕФ со донација“, напиша Мари.

извор: Nova.rs

фото: Twitter