Ги намалува градите, претешки и биле, има проблем со кичмата – Дара Бубамара потрошила 45 илјади евра на корекции – ММС
ММС

Објавено на: 04/5/22 10:00 PM

Ги намалува градите, претешки и биле, има проблем со кичмата – Дара Бубамара потрошила 45 илјади евра на корекции

Српската пејачка Дара Бубамара со помош на пластична хирургија ги зголеми градите за неколку бројки и моментално важи за пејачката со најголема гради на естрадата.

Сега решила да ги намали за еден број, бидејќи има проблеми со кичмата и не може нормално да функционира.
Пејачката неодамна посетила клиника за естетска хирургија во Белград, каде отишла на консултации за отстранување на силиконот, бидејќи има проблеми со грбот поради прекумерната тежина.
Дара наводно трпи болки после секој настап и долго стоење, поради што отишла на физикална терапија, но тоа не вродило со плод, па докторот и предложил да ги намали градите за еден број, ако не и два броја.

Неодамна во медиумите се појави информација дека Дара во себе вложила околу 45 илјади евра. Пред неколку години дала 18 илјади евра за нова насмевка, неколку пати ги надополнувала усните, правела третмани за подмладување, вбризгувала ботокс, филери, а правела и корекција на носот.

Извор: Мондо.рс