Најстариот син на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, Бруклин Бекам (23) ќе се ожени со својата свршеница Никол Пелц на 9 април оваа година, а сега излегоа многу детали од оваа раскошна венчавка.
Кум на младоженецот на венчавката требало да биде музичарот Елтон Џон, но наводно поради неговата музичка турнеја нема да може да присуствува. Сепак, ќе дојде идолот на Бруклин, Гордон Ремзи, сите членови на поранешната група „Спајс грлс“, актерката Ева Лонгорија, синот на Мадона, Роко Ричи и многу други. – наведува Мирор.
Младоженецот ги зел своите браќа Круз и Ромео за кумови, а Никол својот брат и поранешниот хокеар Бред. Деверуша ќе биде нејзината баба, а познато е дека невестата ќе носи венчаницата на италијанската модна куќа Валентино. По официјалната церемонија таа ќе се пресоблече во друг фустан ,кој наводно ќе го креира нејзината свекрва – Викторија.
Помладата сестра на Бруклин, Харпер ќе биде деверуша, а тато Дејвид ќе биде задолжен за говорот. Свадбата ќе биде на раскошниот имот на таткото на Никол во Флорида, во согласност со еврејската традиција.
– Имотот на таткото на Никола е совршен за свадбена церемонија. Заедно со луксузната вила со 27 спални соби, има базен, пространи градини и живописен поглед на море.
На сите гости ќе им биде забрането да користат мобилни телефони, како и да се приклучуваат на социјалните мрежи, а првите фотографии од невестата и младоженецот ќе бидат дадени на престижниот магазин Вог.
Според Дејли Мејл, се претпоставува дека Бруклин Бекам ќе потпише предбрачен договор со својата идна сопруга.
Богатството од 380 милиони фунти на Дејвид и Викторија е помалку од 1,3 милијарди фунти на „тешкиот“ татко на Никол, Нелсон. Веста за предбрачниот договор доаѓа во момент кога се подготвува свадбена церемонија која ќе чини 3 милиони фунти во семејната вила Пелц во Палм Бич, Флорида.
Извор: kurir.rs