На доделувањето на Греми наградите се собраа познатите и најпопуларни имиња во светот на музиката во MGM Grand Arena во Лас Вегас, а домаќин на церемонијата, како и минатата година, беше Тревор Ноа.
Џон Батист на доделувањето пристигна со 11 номинации, најмногу оваа година, а освои четири Греми уште пред да започне телевизискиот пренос на церемонијата. На крајот на вечерта ја доби и наградата за албум на годината.
Иако ѕвездите како Џастин Бибер, Дојџа Кет и Х.Е.Р. имаа по осум номинации, само Х.Е.Р. ја освои наградата за најдобра традиционална R’n’B изведба.
Нивната колешка Оливија Родриго беше наградена за најдобар нов артист и за најдобара поп соло изведба, додека дуото Silk Sonic ги доби сите четири награди за кои беа номинирани и тоа: за песна на годината (Leave The Door Open), плоча на годината , најдобар R’n’B изведувач и најдобра R’n’B песна.
Најдобра рап песна е онаа потпишана од Канје Вест и Џеј Зи – Jail.
Оваа прилика ја искористија и познатите да ја подигнат свеста за настаните во Украина, а Џон Леџенд ја изведе песната Free во придружба на украинските музичари Сузана Иглидан, Мајк Њутн и Љубе Јакимчук.
Секако, повторно повеќето зборуваа за црвениот тепих, а во продолжение погледнете како се дотераа славните за оваа вечер.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Преземено од: https://informer.rs/
Фотографии: Instagram People