„Јас сум тешко болен, им бегав среде ноќ на фудбалерите за да не дознаат“, изјави легендарниот холандски тренер Ван Гал – ММС
ММС

Објавено на: 04/4/22 5:00 PM

„Јас сум тешко болен, им бегав среде ноќ на фудбалерите за да не дознаат“, изјави легендарниот холандски тренер Ван Гал

Легендарниот холандски селектор Луј ван Гал (70) за време на гостувањето во живо во една холандска ТВ емисија објави дека боледува од агресивен облик на рак на простата и веќе некое време се лекува.

Поради малигно заболување, Ван Гал направи 25 циклуси на зрачење и претходно не сакаше да објавува лоши вести за да не ги погоди холандските фудбалери неговата болест. Информацијата ја соопшти дури по ждрепката за Светското првенство во кое Холандија ќе игра против Катар, Сенегал и Еквадор.

Луис ван Гал седна на клупата на Холандија во септември минатата година, трет пат во кариерата, а неговата репрезентација без многу драма се пласираше на Светското првенство во Катар.

„Морав да го напуштам хотелот ноќе за играчите да не дознаат дека сум болен“, изјави холандскиот селектор.

Засега не е познато дали Луј ван Гал ќе мора да паузира поради болест или ќе остане на клупата на Холандија.

Претходно, Ван Гал отсуствуваше од холандската репрезентација поради здравствени причини, но се работи за повреда на колкот што ја заработи по пад од велосипед. Се враќал од тренинг во хотел и доживеал несреќа, па морал некое време да биде на патерици или во инвалидска количка.

извор: Mondo.rs

фото: принтскрин