Три едноставни начини да ја ублажите пролетната алергија – ММС
ММС

Објавено на: 04/4/22 11:33 AM

Три едноставни начини да ја ублажите пролетната алергија

Сончевите денови, пријатни температури и цветни растенија за лицата кои имаат проблем со алергии е период кој бара посебна грижа, но и подготовка, за целосно да се избегнат алергиите или да се манифестираат што поблаго.

Алергиите погодуваат дури 30 отсто од светската популација, а овој процент постојано се зголемува. Оваа претерана реакција на човечкиот имунолошки систем на изложеност на супстанци, која кај повеќето луѓе не предизвикува реакција, сепак може да се ублажи, покрај антихистаминиците, со секојдневни активности кои ќе ни го олеснат животот.

Туширање пред спиење
Доколку сте биле подолго време на отворено и не сте се истуширале пред спиење, постои можност поленот да остане на вашата постелнина и да бидете изложени на алергени во текот на целата ноќ.

Тренинг во затворен простор
Доколку сте утрински тип и преферирате тренинг во тој период од денот, треба да знаете дека концентрацијата на полен е најголема во периодот од 5 до 10 часот наутро. Затоа, размислете да го правите тренингот во затворен простор или да го промените времето кога вежбате.

Редовно чистење на просторот за живеење
Постелнината треба да се пере на 90 степени за да се елиминираат сите честички од полен. Уклучувајте правосмукалка најмалку двапати неделно и редовно бришете ја прашината, со што ќе го намалите присуството на полен во просторијата.