Јелена Карлеуша денес малку претера и ги измеша годишните времиња, кога тргна да ја исполни својата граѓанска должност, да гласа.
Нејзиниот денешен стајлинг, кој го избра специјално за излегување на гласање ги збуни сите присутни, но и оние кои подоцна ги погледнаа нејзините фотографии и снимки, пред се поради тоа што го носеше.
Карлеуша на гласање се појави во беж капут и шешир во иста боја, а она што многумина го коментираа како невкусно е мрежата која и ја спушти преку лице, но и баснословно скапите сандали кои ги носеше на денешните не баш пријатни 5 степени над нулата.
Случајните минувачи и другите гласачи останаа зачудени додека поминуваа покрај Јелена во зимски јакни и со качулки на главите, спремни наскоро да се отвори небото и да врне дожд.
View this post on Instagram
„Спорните“ сандали чинат 1.050 евра, а се дело на ексклузивниот бренд “Mach & Mach”. Не толку одамна сличен модел носеше и холивудската актерка Меган Фокс.
Сепак, уште една работа која денес на многумина им падна во очи е фактот што чевлите на популарниот бренд се украсени исклучиво со влошки од природна кожа. А тоа можеби и не е толку чудно, бидејќи е карактеристика на удобните чевли, чизми и сандали, доколку Јелена Карлеуша не е декларирана вегетаријанка која презира се што има врска со мачење животни.
Извор: .republika.rs
Фото: Инстаграм