Поранешната главна обвинителка на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ), Карла дел Понте, повика на апсење на рускиот претседател Владимир Путин поради неговите потези во Украина во интервју за “Le Temps”.
„Путин е воен злосторник“, рече Дел Понте.
Таа, исто така, со години работеше како член на Советот на ОН за истрага на кршење на човековите права во сириската војна, во кој учествуваше и Русија, и нагласи дека налогот за апсење на Путин би бил важен сигнал дека е спроведена истрага .
🔴 Former war crimes prosecutor Carla Del Ponte has called for the International Criminal Court to quickly issue an arrest warrant for Vladimir Putinhttps://t.co/FgVrNRfyzD pic.twitter.com/p9ew5lJZZ9
— The Telegraph (@Telegraph) April 2, 2022
„Тоа е единствениот инструмент што го имаме што ни овозможува да ги апсиме сторителите на воени злосторства и да ги изведеме пред Меѓународниот кривичен суд (МКС)“, рече Дел Понте, признавајќи дека само наредбата не мора да значи дека Путин ќе биде уапсен.
– Ако остане во Русија, тоа никогаш нема да се случи. Но, наредбата би го спречила да ја напушти земјата и тоа би било силен сигнал дека има многу држави против него – објасни Дел Понте.
Фото: /twitter.com/Telegraph