Поради закани полиција се грижи за безбедноста на поглаварот на ИВЗ – ММС
ММС

Објавено на: 04/2/22 2:13 PM

Поради закани полиција се грижи за безбедноста на поглаварот на ИВЗ

Поради закани, а по проценка на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, полиција го чува поглаварот на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху.

На секој настан, за време на престојот во џамија како и на останатите негови појавувања неколку полициски службеници се грижат за безбедноста на поглаварот.

Според официјалниот одговор на МВР за МКД.мк, полициските службеници се ангажирани да се грижат за безбедноста на поглаварот бидејќи се исполнети условите за тој да добие обезбедување ако има закани и опасности по неговиот живот, објави порталот МКД.Мк.

извор-мкд.мк

фото-регион.мк