Бројот на говеда во Македонија е намален, само бројот на свињите и овците се зголемил – ММС
ММС

Објавено на: 03/31/22 1:24 PM

Бројот на говеда во Македонија е намален, само бројот на свињите и овците се зголемил

Вкупниот број говеда лани е намален за 20.1 отсто во споредба со 2020 година. Намалување е забележано во двата сектора, кај индивидуалните земјоделски стопанства и кај деловните субјекти (земјоделските претпријатија и земјоделските задруги), соопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на свињите кај деловните субјекти во 2021 година, е зголемен за 12.4 %, а кај индивидуалните земјоделски стопанства за 13.9 %.
Вкупниот број на овците бележи незначително покачување од 0.4 %.
Во истиот период, бројот на козите е намален за 20.3 %.
Бројот на живината во 2021 година, во споредба со претходната година, е намален за 9.7 %.

МИА
фото: Википедија