Лекарка телефонски лекувала дете од Заводот во Демир Капија, но починало по пет дена – Обвинета е за несовесно лекување – ММС
ММС

Објавено на: 03/31/22 12:27 PM

Лекарка телефонски лекувала дете од Заводот во Демир Капија, но починало по пет дена – Обвинета е за несовесно лекување

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето”.

Обвинетата, како што соопшти Јавното обвинителство, како лекар-специјалист по општа медицина, била ангажирана со договор за повремени и привремени работи во Специјалистички завод Демир Капија – станбена единица во село Куршеница.

Таму во периодот од 1.10 до 5.10.2020 година укажувала лекарска помош заради покачена телесна температура и дијареа на едно оштетено дете, родено 2009 година, сместено во Заводот како лице со тешко нарушување на психо-физичкиот развој и церебрална парализа.

Спротивно на Договорот, здравствената помош ја укажувала без да изврши непосреден физикален преглед на детето, ординирала терапија и неговата состојба ја следела со телефонски известувања, не дала инфузија, па поради тоа дошло до влошување на здравствената состојба на детето, настанала дехидрираност на неговиот организам и на 5.10.2020 година настапила смрт.

ОЈО