Џесика Џакинто е 22-годишна манекенка која живее во Валенсија, Венецуела. Она што ја прави различна е фактот дека е родена со Даунов синдром, но тоа не ја спречи да го оствари својот сон или да стане професионален модел.
Кога имала 14 години добила покана да учествува на избор за убавина. Во средно училиште, таа се занимаваше со некои спортови како гимнастика, пливање и атлетика, но тие навистина не ја направија среќна. Ја прифатила поканата да проба нешто ново и набрзо сфатила дека тоа е нешто во кое ужива.
– За мене да се биде модел е како да студирам нешто што ми се допаѓа. Кога сум на модната писта, станувам некој друг. Како некој друг да влезе одеднаш во мене. Се чувствувам силно – изјавила Џесика.
До денес учествувала на многу кастинзи, но патот до успехот не бил лесен. Неколку големи агенции за моделирање и брендови не прифатија соработка со Џесика. Иако рекоа дека ќе се јават, никогаш не се јавија. Сепак, тоа не ги обесхрабри Џесика и нејзината мајка, туку ги мотивираше да продолжат понатаму.
И покрај големите соништа и бројните достигнувања, Џесика живее обичен живот.
Дискриминацијата на луѓето со Даунов синдром, дури и во развиените земји, е длабока, вели Мишел Си Витен, извршен директор на Фондацијата за глобален Даунов синдром.
– Но, малку по малку се случува промена во нашата перцепција и разбирање и се надеваме дека ќе доведе до безусловно прифаќање – додаде таа, пишува Bored Panda.
View this post on Instagram
извор: BoredPanda/24.sata.hr
фото: Инстаграм