(Видео) Среде судење за убиство актерот Алек Болдвин ќе стане татко по седми пат – ММС
ММС

Објавено на: 03/30/22 9:00 PM

(Видео) Среде судење за убиство актерот Алек Болдвин ќе стане татко по седми пат

Хиларија Болдвин објави на Инстаграм дека е бремена, што значи дека таа и Алек го чекаат седмото дете!

Во  2019 година Хиларија имаше спонтан абортус, а веста за тоа ја објави уште пред да оди во болница. Набргу потоа, парот го доби своето петто дете, а шестото (со неколку месеци разлика) го роди сурогат мајка.
„Ние сме добар тим“ е реченицата која двојката Болдвин ја изгравирала во бурми и до неа се држат во текот на брачниот живот.

“Една од најубавите работи што ги доживеале моите деца е како срцето може да расте со секој нов брат или сестра! Нашиот капацитет за љубов продолжува да се шири и едвај чекаме да го гушнеме новото бебе оваа есен”, напиша Хиларија на Инстаграм.

Хиларија и Алек ги имаат ќерките Марија Луис Викторија (13), Кармен Габриела (8), синовите Рафаел Томас (6), Леонардо Ангел Чарлс (5), Ромео Алехандро Давид, Едуардо Пао Лукас.
Алекс и Ким Бесинџер имаат и ќерка Ајрланд Болдвин.


Оваа радост на Болдвин му се случува по трагедијата, кога минатата година го уби директорот на фотографија за време на снимање. Судењето се уште е во тек, а сите шпекулираат дека неговата сопруга Хиларија сака да го претстави Алек пред медиумите во најдобро можно светло, како семеен човек и добар татко.

Но, на публиката не и се допаѓа тоа што премногу форсира ново потомство со Алек, кој веќе има шеесет години.

Актерот веќе се врати на работа, а неговиот изглед е загрижувачки. Сите ја забележуваат исцрпеноста на актерот кој се обидува да се врати на актерството по несреќата на сетот.

Хиралија е сигурна дека новото бебе е најдоброто решение за нов почеток и нов имиџ на Алек Болдвин!