Во „кафана“ и на шопинг без сертификати – Владата ги прифати препораките на Комисијата – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/22 10:13 PM

Во „кафана“ и на шопинг без сертификати – Владата ги прифати препораките на Комисијата

Влада одобри да се зголеми максималната исполнетост на капацитетот на отворен и затворен простор од досегашниот најмногу до 50 отсто, на најмногу до 75 проценти, со задолжително носење на заштитни маски за културни настани – театри, кина, филхармонија, како и семинари, обуки, состаноци, конференции и слично.

Се укинува и обврската за обезбедување редарски служби во економските оператори, како задолжително поседување сертификат или потврда за извршена имунизација, односно примени две дози на вакцина против Ковид-19 или за прележан Ковид-19 во последните 180 дена, за посета на угостителски објекти на отворено.

Во исто време, за затворените делови останува обврската за задолжително поседување на сертификатите за вакцинација или за прележаност.

– Согласно актуелната епидемиолошка состојба, прифатено е барањето на Министерството за внатрешни работи, полицијата и армијата да продолжи со обезбедувањето на Ковид-центрите и вакциналните пунктови, а да престане надворешното физичко обезбедување на одделни Ковид-капацитети во Скопје и другите градови на државата, се додава во соопштението од владината седница.