Македонскиот шампион во брзински мотоциклизам, Христијан Бузалковски, денес, заедно со својот тим ,71 Team”, во Скопје Сити Мол го промовираше новиот дизајн од класата 600 кубни сантиметри со кои ќе настапува на БМУ Европскиот шампионат.
,- Среќни сме што оваа сезона имаме можност да ги претставиме моторите во Skopje City Mall и да го доближиме мото спортот за момент поблиску до пошироката јавност. Оваа сезона ќе настапиме на БМУ Европскиот шампионат во класата F600 и наша цел ќе биде да ја одбраниме титулата. Огромна благодарност до сите што нѐ поддржуваат на секаков можен начин, а ние ќе се потрудиме да Ве направиме горди – изјави Бузалковски кој и покрај тешките предизвици, минатата сезона успеа да оствари дури две победи на трките на кои се натпреваруваше.
Тимот ,,71 Team” веќе следната недела тргнува за Серес во Грција, на последните подготовки, односно на финалниот тест пред да почне сезоната. Самиот шампионат стартува токму од таа патека, на 8 април.
Со првата европска титула во БМУ, Бузалковски се закити во 2018 година.